На Ришарлисон му пропадна враќањето во Евертон, па жестоко удри по Тотнем

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот напаѓач Ришарлисон се огласи со остро соопштение на социјалните мрежи откако пропадна неговото најавено враќање во Евертон.

Трансферот според кој Илиман Ндиаје требаше да премине во Тотнем целосно пропадна, со што беше ставен крај на долгите преговори. До застојот дошло поради финансиски несогласувања околу личните услови, како и неплатени долгови кои фудбалерот ги побарува од лондонскиот клуб.

Дополнително, ситуацијата ја искомплицира и Манчестер Сити, кој се вклучи во трката и постигна договор за трансфер на Ндиаје во своите редови.

Огорчениот Ришарлисон порача дека повеќе нема да дозволи никој да одлучува за неговата кариера и иднината без негова согласност. Тој истакна дека во најтешките моменти давал сè од себе за тимот и дека од челниците на Тотнем очекува исто ниво на почит какво што и самиот секогаш покажувал.

Иако изразил желба да се врати на „Гудисон Парк“, каде што ги одигра најдобрите натпревари во кариерата, напаѓачот нагласи дека нема да прифати услови кои не му одговараат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×