На Реал Мадрид и Мбапе им одговара сценариото од кое се плаши ПСЖ!

by
1 минути читање

Откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ, Мбапе има две опции или да замине ова лето или следното.

Ставот на ПСЖ е дека фудбалерот или ќе биде продаден сега или ќе потпише нов договор. Но, тоа не зависи од нив, туку од Мбапе.

Сценариото кое најмногу им одговара на Реал Мадрид и Мбапе е тој како слободен фудбалер да се пресели во кралскиот клуб следното лето.

Во тој случај Реал Мадрид нема да плати за неговото доаѓање, а Мбапе ќе си ја добие високата плата од ПСЖ и бонусот за лојалност, сума од околу 150 милиони евра, плус кога доаѓа како слободен играч ќе може да издејствува и подобар договор со кралскиот клуб.

Во еден таков случај, ПСЖ би останал со празни раце, токму од тоа се плаши претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи, но колку и да се прави силен тој во изјавите, работите не зависат од него во оваа ситуација.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани