На прислушкувани разговори со слуша: Суарез мора да положи, го чека договор од 10 милиони евра по сезона

by
1 минути читање

Денеска беше
објавено за голем скандал, Луис Суарез мамел на тестот за италијански пасош,
Уругваецот предвреме ги добил прашањата и одговорите.

Медиумите од
Италија сега откриваат нови детали. Од прислушкуваните разговори на полицијата
се слуша дека напаѓачот мора да положи бидејќи го чека договор од 10 милиони
евра по сезона (медиумите шпекулираа дека за ваква сума фудбалерот си подал рака со Јувентус).

„Мора да положи, не
можеме да му упропастиме плата од 10 милиони евра по сезона бидејќи нема Б1 (ниво
на познавање на италијански јазик)“
– е разговор помеѓу две лица од испитниот
центар.

На друг разговор
се слуша: „Кажи ми што оцени да му ставам, и ќе му ставам“. Следува одговор: „Стави
3 секаде, синоќа разговарав со ректорот и тој се сложи со ова“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани