На повредите им нема крај, Милан со 15 годишно момче ќе ја напаѓа Фиорентина

by
1 минути читање

„Росонерите“ се
без победа на последните четири натпревари во Серија А, Стефано Пиоли се надева
дека во сабота против Фиорентина ќе биде ставен крај на црната серија, но
предводникот на Милан ќе има многу проблеми при составување на тимот.

На долгата листа
повредени играчи се приклучи и Ноа Окафор, кој од должност со репрезентацијата
на Швајцарија се враќа со проблеми со бутниот мускул.

Оливие Жиру е
суспендиран по црвениот картон против Лече, Рафаел Леао исто така е вон
комбинација, па Лука Јовиќ е единствениот напаѓач на кој Стефано Пиоли ќе може
да смета.

Формата на
Србинот не е сјајна, тој нема постигнато ниту еден гол оваа сезона, и има упатено само два шута во
рамките на голот.

За тоа колку е
лоша ситуацијата говори информацијата дека повик за натпреварот против
Фиорентна ќе добие 15 годишниот Франческо Камрада, кој важи за еден од
најголемите таленти во школата на Милан.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×