На повидок трансфер од 100 милиони евра: Еден од најбараните напаѓачи се договорил со англиски гигант!

by Стефан
1 минути читање

Словенечкиот напаѓач, Бенџамин Шешко ова лето ќе го направи најголемиот трансфер во својата кариера, бидејќи ќе го напушти РБ Лајпциг и кариерата ќе ја продолжи во Англија. Според информации на германскиот медиум „Билд“, Шешко веќе постигнал договор со екипата на Арсенал.

Сега останува само да се договорат два клуба околу висината на отштетата, која се очекува да биде меѓу 80 и 100 милиони евра, тврди германскиот медиум.

Шешко има само 22 години и во минатата сезона постигна 21 гол на 45 натпревари за РБ Лајпциг во сите натпреварувања.

Репрезентативецот на Словенијата кариерата ја започна во екипата на Кршко од каде што пристигна во Домжале, а потоа следел трансферот во Салцбург.

Од Салцбург, за 24 милиони евра, премина во Лајпциг пред две години, со одличните настапи за германскиот тим брзо го привлече вниманието на европските гиганти.

Во дресот на репрезентацијата на Словенија на 41 настап постигна 16 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×