Медиумите од Шпанија пренесуваат за тензии помеѓу Нико Вилијамс и Барселона откако фудбалерот побарал јасни гаранции дека ќе биде регистриран на време за новата сезона во Ла Лига.
Минатата недела на големо се пишуваше дека Нико Вилијамс ќе биде ново засилување на „каталонците“, на почетокот од јули ќе биде активирана неговата откупна клаузула од 58 милиони евра, која поради инфлацијата ќе изнесува околу 62 милиони евра.
Но денеска се појавија информации кои велат дека целата зделка сепак може да пропадне.
Тензиите помеѓу Нико Вилијамс и Барселона настанале откако напаѓачот побарал јасни гаранции дека ќе биде регистриран на време за нова сезона во Ла Лига.
Тој не сака да му се случи сценариото на Дани Олмо, кој беше регистриран само откако тешка повреда заработи Андреас Кристенсен, за потоа во јануари да остане без регистрација и со помош на правна дупка да продолжи да настапува до крајот на сезоната.
Барселона во моментов не може да му даде вакви гаранции на Нико Вилијамс, но и покрај тоа инсистира фудбалерот да даде зелено светло за преселбата на Камп Ноу, или во спротивно, ризикува исто како минатото лето се да се распадне.
Како што пренесува Мундо Депортиво, Барселона е подговена веднаш да го активира планот Б и да тргне по Луис Диаз од Ливерпул, доколку не биде најден компромис со Нико Вилијамс.