Фудбалерот на Челси, Нони Мадуеке, направи голем чекор кон преселба во редовите на Арсенал, откако, според последните информации, ги прифатил личните услови понудени од „топчиите“.
На крилниот напаѓач му се допаднал проектот кој му го претставиле од Арсенал, а неговите менаџери во краток рок постигнале договор со лондонскиот ривал. Сепак, се потенцира дека мора да се почека и на договори помеѓу клубовите.
Челси за 23-годишниот фудбалер бара 60 милиони евра, но Арсенал се обидува да ја намали цената преку интензивни преговори.
Мадуеке минатата сезона запиша 32 настапи во сите конкуренции, при што постигна седум голови и додаде три асистенции, оставајќи солиден впечаток во дресот на „сините“.