На повидок договор: Осимен прави трансфер од 70 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Саудискиот гигант Ал Хилал ја потврдил својата намера да го доведе Виктор Осимен, испраќајќи конкретна понуда до Наполи, пренесува добро информираниот трансфер-експерт Фабрицио Романо.

Според информациите, Ал Хилал понудил 65 милиони евра фиксна сума, со дополнителни 5 милиони во форма на бонуси. Топката сега е кај Наполитанците, кои треба да донесат конечна одлука.

Оваа понуда доаѓа веднаш по веста дека клубот од Ријад стапил во контакт со Осимен за да ги договори личните услови и платата, што укажува на сериозна амбиција да се заврши трансферот.

Нигериецот имаше фантастична сезона зад себе, постигнувајќи 37 голови и забележувајќи 8 асистенции во 41 натпревар во сите натпреварувања. На крајот од месецов истекува неговата позајмица во Галатасарај, по што треба да се врати во Наполи, клубот што го купи од Лил во 2020 година за 78,9 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани