„На Португалија ќе ѝ недостига еден од нејзините херои“

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалска Португалија е во жалост, Диого Жота и неговиот брат Андре Силва трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Несреќата се случила околу полноќ во провинцијата Самора, кога нивниот автомобил излетал од патот поради пукање на гума и се запалил.

Жота (29) и Силва (26) патувале од Порто кон траект со кој требало да се вратат во Англија, каде Жота требаше да се приклучи на подготовките на Ливерпул. Поради неодамнешна операција, не смеел да патува со авион, па избрал да се врати копнено и по море. Селекторот Роберто Мартинез со емотивна порака се прости од својот фудбалер:

Сите сме погодени од оваа трагедија, сите сме скршени. Мислите ни се со неговото семејство, но и нивните пријатели. Направивме семејство во репрезентацијата и тоа беше над фудбалот, а Диого беше важен дел од него како на теренот, така и надвор од него. Неговиот професионализам и уверувања беа заразни. На теренот гордо го носеше дресот, а неговата работа беше од светска класа. На Португалија ќе ѝ недостига еден од нејзините херои“, изјави Мартинез.

Погребот ќе се одржи во сабота во родниот Гондомар, во близина на Порто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×