764
Екипата на Челси славеше со 2-1 во рамките на 16. коло на Премиер лигата против Брентфорд.
Два дена подоцна на социјалните мрежи хит стана едно видео од пред почетокот на натпреварот на „Стемфорд Бриџ“. Во главна улога беше ѕвездата на „сините“ Кол Палмер.
Среќата посака детето кое излезе со него на теренот да биде повисоко од Палмер. Неговата реакција беше интересна, воопшто не му беше сеедно што момчето е повисоко од него и наместо да стои позади си застана до момчето.
Интересно е исто така што Палмер воопшто не е низок и има солидни 1,85 метри висина.
The size of Cole Palmer’s mascot compared to the rest 😂😂😂 pic.twitter.com/9V98J5dvQG
— george (@StokeyyG2) December 16, 2024