500
Фудбалскиот турнир на Олимписките игри кои ќе се одржат во Лос Анџелес 2028 година ќе имаат доста повеќе женски, отколку машки олимпијци.
Меѓународниот олимписки комитет одлучи на женскиот турнир да играат 16, наспроти 12 на машкиот дел од турнирот. Одлуката за промена доаѓа откако на претходните Олимписки игри „силите“ беа спротивно распределени.
Нееднаквоста траеше од дебито на дамите на ОИ во 1996 година. Досега играа 16 машки и 12 женски репрезентации, но сега тоа ќе се смени и во Лос Анџелес ќе има барем 25% повеќе фудбалерки од фудбалери.