185
Многу ситуации во
редовите на Арсенал сведочеа дека постои бунт кај дел од фудбалерите на тој тим
по случувањата врзани со Алексис Санчез и неговата трансфер сага која вчера
заврши со официјализацијата на трансферот во Манчестер јунајтед.
Како дел од договорот
помеѓу двата клуба, Хенрих Мхитарјан заврши во Лондон, а на социјалните мрежи
следиме една доста дискутабилна порака која ја упати Шкодран Мустафи во пресрет
на утрешниот дуел со Челси во Лига купот на Англија.
„Ајде Топчии, сите
заедно сега!“ порача Мустафи, а очигледно дека расположението во таборот на
Арсенал е подигнато на повисоко ниво по заминувањето на непожелниот во тимот,
Санчез.