На Мурињо му е виновен ВАР за пропуштената победа против Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Тотнем долго време водеше, но во финишот Даер направи прекршок за пенал врз Погба и судијата Мос покажа на белата точка. Во судиското продолжение свирна уште еден пенал за Јунајтед, но овој пат ВАР го поништи.

„Не сум среќен со пеналот и исто така не сум среќен со вториот пенал. Не сум задоволен од ВАР. Судијата може да направи грешка и да досуди евтин пенал, но ВАР треба да си ја заврши својата работа“, вели Мурињо.

„За вториот пенал не сум задоволен од Мос бидејќи не досуди прекршок врз наш играч пред да свирне евтин пенал за кој ВАР реагираше“.

„Знаеме дека Манчестер јунајтед има неверојатна статистика оваа сезона кога се во прашање досудените пенали за нив, знаевме дека е опасно во шеснаесетникот за нас. Знаевме дека секој шут кој ќе го блокираме мора да ги ставаме рацете позади телото, знаевме се што може да се случи“.

„Вториот пенал е неверојатен за мене. Кога ВАР потврди дека станува збор за глума, играчот одма треба да добие жолт картон. Разочаран сум од овие две одлуки, но тоа е што е“.

„Ми се допадна однесувањето на мојот тим, организација, контролата следејќи го планот, бевме многу солидни, на Јунајтед му го дадовме тоа што не го сака и многу сум среќен за тоа“.

„Но немав клупа за реакција. Со Лукас и Деле Али друго ќе беше, ќе имавме опции да освежиме во нападот. Тие станаа доминантни бидејќи ние бевме тивки напред, станавме уморни и не можевме да креираме лесно акции, не можевме да бидеме опасни ниту од контри бидејќи нозете не не држеа. Па беше тешко во тој поглед“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×