„Росонерите“ имаа
неколку хаотични дена во потрагата на нов напаѓач, по долги преговори, вчера успеаја
да најдат компромис со Порто за трансфер на Мехди Тареми.
Сепак, зделката
пропадна откако агентите на Иранецот побараа поголема провизија и повисока
плата.
Па Милан беше
приморан да почне да бара алтернативни решенија, денеска прво се шпекулираше со името на Дака од
Лестер, па потоа со Рафа Мир од Севиља, а откако и овие зделки се изјаловија,
на крајот падна договор за ангажман на Лука Јовиќ од Фиорентина, на позајмица за која нема да биде платено ништо.
Србинот веќе
пристигна во канцелариите на „росонерите“ во Милано и ќе го комплетира трансферот без
да ги направи редовните лекарски прегледи со оглед на тоа дека има малку време пред
да заврши летниот преоден рок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.