РБ Лајпциг ги
победи гигантите ширум Европа и стигна до потписот на перспективниот Бенјамин
Шешко.
Утрово официјално
беше потврдено дека талентираниот фудбалер од Словенија од 1. јули 2023 година
ќе биде нов играч на „биковите“ и ќе се обврзе на соработка до 2028 година.
Пред две недели, се
шпекулираше дека Манчестер јунајтед го идентификувал Бенџамин Шешко како
наследник на Кристијано Роналдо, се шпекулираше дека ќе бидат потребни најмалку
50 милиони евра за трансфер, а РБ Салцбург на социјалните мрежи се мајтапеше со
„ѓаволите“ и порача дека бара 300 милиони евра, плус услугите на Бруно
Фернандеш.
Детали од
зделката помеѓу РБ Салцбург и РБ Лајпциг не се откриваат но се пишува дека сестринскиот клуб добил голем попуст
и го ангажирал Бенјамин Шешко за само 24 милиони евра.