Јувентус сега е трето место на табелата со 59 бодови, Рома падна на четвртото место, Милан е петти, а Интер е на шестата позиција.
Старата Дама ги доби бодовите кои им беа одземени, а се бришат и казните за Павел Недед и неколку членови на бордот на директори, но остануваат оние изречени за Андреа Ањели, Маурицио Аривабене, Федерико Керубини и Фабио Паратичи.
По три часовно сослушување денеска, обвинителството на италијанскиот олимписки комитет (КОНИ) одлучи да се вратат привремено одземените бодови на „старата дама“ откако федерацијата ФИГЦ не доставила никакви дополнителни докази на жалбата на Јувентус за првосепената казна со одземање на бодови.
Но, процесот не завршува тука, туку сега оди на второстепена апелација, каде ќе се разгледува казната, а дел од италијанските медиуми посочуваат дека казната може да биде со одземање од пет до 10 бода, ама и одземање на 15 бода, но не за оваа сезона туку за следната.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.