На Интер не му се допаднаа зборовите на Чалханоглу, Турчинот може да биде казнет

by
1 минути читање

Хакан Чалханоглу може да се најде во
проблеми поради интервјуто за Тивибу Спор, наводно на раководството на Интер не
им се допаднале одредени коментари, поточно изјавата за Златан Ибрахимовиќ и
тоа што Турчинот го впери прстот кон тренерот Симоне Инзаги за поразот во
дербито на Милано.

Фудбалерот од
средниот ред дури мораше и да појаснува дел од изјавата: „Очигледно моите
зборови се погрешно разбрани. Никогаш не сум критикувал ниту еден тренер,
особено не господинот Инзаги за кого сметам дека е одличен тренер, кој силно ме
посакуваше во Интер и ми даде голема самодоверба. Тој има голема заслуга за
нашата добра сезона и двата освоени трофеи“.

Но и покрај ова,
како што пренесува Газета дело Спорт, Хакан Чалханоглу може парично да биде
казнет од Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×