На Хари Кејн му лежи Лестер како никој друг тим, убедлива победа на Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем ја забележа четвртата победа по ред на домашен терен, тоа им е најдолга серија на новиот стадион. Овој пат настрада Лестер кој води голема битка за четвртата позиција.

Резултатот беше отворен во шестата минута кога биеше Сон, топката го удри Џастин и влезе во мрежата на Лестер за водство на Тотнем од 1-0.

Во 37. и 40. минута Хари Кејн постигна два гола и ги постави конечните 3-0.

Со овие два погодоци Хари Кејн му има дадено 16 голови на Лестер во 14 натпревари, повеќе отколку на било кој друг тим.

По овој пораз Лестер остана на четвртата позиција со исто бода колку петтиот Манчестер јунајтед, но тимот на Солшер има меч помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×