На Фиорентина нема да и се допадне интервјуто на Јовиќ, Србинот го гледа клубот само како отскочна даска

by
2 минути читање

Реал Мадрид во
2019 реши да го ангажира Лука Јовиќ во трансфер вреден околу 60 милиони евра,
но Србинот имаше авантура за заборав во престолнината на Шпанија.

Изминатово лето
напаѓачот се пресели во Фиорентина во чудна зделка, Реал Мадрид не доби ниту
едно евро и го пушти беспари, со ветување за 50% од сумата доколку Лука Јовиќ
направи нов трансфер.

Во разговор со
медиумите од Србија, Лука Јовиќ ја образложи својата улога и излезе со
коментари кои сигурно нема да му се допаднат на клубот од Фиренца.

„Донесов одлука
откако добро размислив за сите аспекти и увидов што ми носи секоја од понудите
кои ги имав во тоа време. Решив да се преселам во Фиорентина и покрај тоа што
имав понуди од подобри клубови кои ми нудеа подобри финансиски услови. Сите
знаат дека се откажав од многу пари за да дојдам тука. Мислам дека Фиорентина е
местото во кое можам да си ја вратам формата и да ми послужи како отскочна
даска за повторно да се преселам во голем клуб“
– вели напаѓачот.

За авантурата во
Мадрид тој додава: „Беше одлично, големо искуство, ми беше чест да бидам дел од
најголемиот клуб во светот. Мислам дека прерано се преселив во Мадрид. Малку и
немав среќа, настана пандемијата на ковид-19, потоа ме заредија повреди, Карим
Бензема експлодираше… но дефинитивно искуството беше одлично“.

„Не сакам да
оспорам ничиви квалитети, но дефинитивно бев импресиониран од Карим Бензема и
Лука Модриќ. Лука е еден од најдобрите играчи во историјата на Реал Мадрид“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани