На Евертон му одземаа 10 бода, клубот е во шок!

by
1 минути читање

Евертон ја доби најстрогата казна изречена во историјата на Премиерлигата.

Според Премиерлигата, во петтдневното сослушување, Евертон признал дека ги прекршил правилата. Тие покажале 124,5 милиони фунти загуба, а дозволениот лимит според правилата бил 105 милиони фунти.

Во соопштението Евертон вели дека се шокирани и разочарани од одлуката на комисијата на Премиерлигата. Тие веруваат дека казната е неправедна и ќе поднесат жалба на одлуката. Клубот вели дека со особен интерес ќе следи какви ќе бидат одлуките за другите клубови, мислејќи на Манчестер Сити против кого има 115 обвиненија за прекршување на правилата.

Евертон оваа сезона освои 14 бодови, сега има само 4 и се наоѓа на претпоследното место на табелата во Премиерлигата.

×