226
Наполи денеска
гостува во Москва на дуел со Спартак во 5. коло од Лига Европа. Лидерот во
Серија А на пауза заминува со два гола негатива иако резултатот можеше да биде сосема
поинаков.
Во 16. минута од
мечот, Елиф Елмас имаше одлична шанса да донесе изедначување но голманот Александар Селихов со извондредна двојна интервенција спречи радост на Македонецот.
Русинот најпрво со
крајни напори го одбрани ударот на Елмас до пречката, за потоа иако беше на
земја, некако со нозе го сопре и вториот обид на репрезентативецот на „црвено-жолтите“,
кој не можеше да поверува како резултатот остана 1-0.