На крајот Волвс може да биде кобен за сезоната на Јунајтед, еве зошто

by
1 минути читање

Волвс со пресврт дојде до победа од 2-1 против Манчестер јунајтед во период во кој секој загубен бод за тимот на Солскјер ги намалува шансите за пласман меѓу четирите најдобри во Премиерлигата.

Волвс може да биде кобен за сезоната на Манчестер јунајтед, денеска му зема три бода, а на Олд Трафорд одиграа 1-1, што значи дека во Премиерлигата „црвените ѓаволи“ имаат дури пет бода помалку поради Волверхемтпон.

И тоа не е се, Волвс го победи Манчестер јунајтед и во ФА Купот со што го елиминираше од битката за трофеј во едно натпреварување.

Од три натпревари оваа сезона меѓу овие две екипи, две победи има Волверхемптон и еден меч завршил нерешено. По денешниот меч некои рекоа дека „волците“ ја изедоа сезоната на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани