421
Лестер ја оствари највисоката гостинска победа во историјата на Премиерлигата откако го совлада Саутемптон на Сент Мери со 9-0.
Тоа е и највисоката победа во Премиерлигата воопшто, но таква, само на домашен терен има и Манчестер јунајтед, тие со 9-0 го имаат совладано Ипсвич во 1995 година.
Интересен е фактот дека кога Манчестер јунајтед ја остварил таа победа, Питер Шмајхел бил голман, а сега кога Лестер го изедначи тој рекорд неговиот син, Каспер Шмајхел го бранеше голот на победникот.