На два дена пред стартот на новата сезона, Вест Хем го потврди првото засилување

by
1 минути читање

На два дена пред
стартот на новата сезона, Дејвид Мојс го доби првото засилување, Вест Хем го
донесе Едсон Алварез од Ајакс.

25 годишниот
Мексиканец треба да биде замена за Деклан Рајс, кој беше продаден на Арсенал за
рекордни 105 милиони фунти.

„Ми се оствари
сонот. Премиерлигата е специјална, најдоброто првенството во светот и мислам
дека одлично ќе се вклопам со мојот стил на игра. Сега имам голема одговорност,
ќе гинам на теренот за Вест Хем“
– порача Едсон Алварез за кого „чеканите“
платија околу 40 милиони евра.

Се очекува во
следните денови Вест Хем да донесе уште неколку нови играчи, имаат договор со
Манчестер јунајтед и Саутемптон за ангажман на Хари Мегваер, односно Џејмс Ворд
Праус.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×