Барселона се изнамачи за да дојде до победата, а на почетокот од мечот не изгледаше така. Араухо погоди во четвртата минута за водство од 1-0.
Предноста траеше до 59. минута кога Солдевиља изедначи на 1-1, но осум минути подоцна Барса го врати водството со гол на Дембеле.
Во 74. минута нов гол на Солдевила за ново израмнување, кое траеше уште помалку, Рафиња три минути подоцна погоди за предност на Барса од 3-2.
И тоа не беше се, во 86. минута Солдевила комплетираше хет-трик за 3-3. Тоа беше резултатот по 90 минути игра.
Во продолженијата, во 103. минута Фати даде гол за победа на Барселона од 4-3. Третолигашот немаше сили за ново израмнување.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.