На Барса не и помина финтата, Валенсија ќе добие 4 милиони евра за трансферот на Нето во Борнмут

by
1 минути читање

Трампата на Барса
со Валенсија во која беа инволвирани Силесен и Нето е една од сомнителните
зделки кои беа направени во минатото со цел да се искаже поголема капитална
добивка, но лошите потези на трансфер пазарот сега чинат многу.

Клубот на Камп
Ноу ќе треба да и плати на Валенсија околу 4 милиони евра откако не им помина
финтата.

Имено, во
договорот имало клаузули според кои Валенсија може да инкасира околу 9 милиони
евра во бонуси, а дел од оваа сума требала да се исплати доколку Нето биде
продаден или замине на позајмица.

Барса минатото
лето го раскина договорот на Нето и му дозволи беспари да се пресели во Борнмут,
но Валенсија на ова гледа како маневар да се изиграат правилата и да се заобиколи исплатата на околу 6 милиони евра.

Клубот од Местаља
се заканил со тужба, па за да не дојде до судски процес, Барселона и Валенсија успеале
да постигнат компромис и „каталонците“ сега ќе им платат околу 4 милиони евра
на популарните „лилјаци“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани