На 75 години почина Перуанецот кој со неколку зборови стана легенда на Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Хуго Сотил (75) почина во болница во Перу, откако беше хоспитализиран поради влошена здравствена состојба.

Перуанската легенда која ѝ го донесе на оваа земја последниот голем трофеј на Копа Америка во 1975 година имаше проблеми и беше на интензивна нега.

Тој се прослави како фудбалер на Барселона, каде што играше во тандем со легендарниот Јохан Кројф. Тие заедно ја освоија и титулата во Ла Лига, а навивачите го засакаа Перуанецот поради еден гест. По освојувањето на трофејот тој телефонирал дома, а во солзи ѝ кажал на својата мајка: „Мамо, ние сме шампиони“.

Освен за Барселона тој играше за Депортиво Мунисипал, Алианца, Индепендиенте Меделин, Лос Еспартанос и Депортиво Јунин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани