Мурињо за казната на Манчестер Сити: Кога ќе стигне пресудата, ќе имам 80 години

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, во интервју за „Кориере дело Спорт“ се осврна на големиот скандал во кој се најде Манчестер Сити.

„Граѓаните“ беа прогласени за виновни за 114 од вкупно 115 финансиски прекршоци за кои беа обвинети, но случајот сè уште не е завршен. Клубот ги отфрла обвиненијата и поднесе жалба, поради што конечната одлука за можната казна дополнително ќе се одложи.

Токму долгиот процес беше повод за шега од страна на Мурињо.

„Манчестер Сити? Сега ќе има одлука, па жалба… Додека стигне конечната пресуда, јас ќе имам 80 години“, низ шега прокоментира португалскиот стратег.

Премиер лигата во 2023 година го обвини Манчестер Сити за повеќе од 100 прекршувања на финансиските правила во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18. Независната комисија подоцна утврди дека клубот прекршил дури 114 правила, но конечниот епилог од целиот случај сè уште се очекува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×