107
Жозе Мурињо повторно ги пецна Турците, овојпат на прес-конференција по пораз на Фенербахче упати отровни стрели кон турскиот фудбал.
Откако пристигна во Фенербахче, Мурињо во неколку наврати го навреди турскиот фудбал, а тоа продолжува да го прави и понатаму.
Во претпоследното коло од турското првенство Фенербахче со 4-2 загуби од Хатајспор кој веќе е испаднат. Бодовите не беа значајна за ниту еден од двата клуба.
На критиките од новинарите, Мурињо одговори во негов стил.
„Во последните седум години играв две европски финалиња. Тоа значи дека сум играл повеќе финалиња во Европа во последните седум години отколку целиот турски фудбал што видел финалиња во историјата“, рече Португалецот.