Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Флорентино Перез сака да ги донесе Жоао Невеш од ПСЖ и Алесандро Бастони од Интер како две големи засилувања на Реал Мадрид.
„Кралевите“ ќе започнат нов проект ова лето, се очекува Жозе Мурињо да седне на жешкото столче (под услов Флорентино Перез да победи на претседателските избори).
Како што пренесува АС, „специјалниот“ има јасни планови за трансфер пазарот – не сака ѕвезди со его, туку мотивирани и скромни играчи, кои се гладни и желни да играат во белиот дрес на Реал Мадрид.
Приоритет ќе биде засилувања во одбраната, најмалку еден или двајца стопери, како и нов десен и лев бек, особено доколку Фран Гарсија го напушти клубот. Во план е и ангажман на еден или двајца играчи за средниот ред, целта не целосна реконструкција на тимот, туку пополнување на слабите точки кои се провлекуваат веќе подолго време.
Со ваквата стратегија се согласува и Флорентино Перез, и како што беше објавено во емисијата „Ел Партидазо“ на КОПЕ, претседателот на Реал Мадрид на ум има две големи засилувања.
Тој сака да го донесе фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Жоао Невеш, како и дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони.
Флорентино Перез исто така бил и голем фан на младиот Виктор Муњоз, кој оваа сезона блесна во Осасуна, па планира да ја искористи клаузулата со која фудбалерот ќе се врати на „Бернабеу“ за само 8 милиони евра.