Мурињо сака шест засилувања во Реал Мадрид!

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо веќе ги крои плановите за преодниот рок на Реал Мадрид иако уште официјално не е назначен за нов тренер на кралскиот клуб.

Се очекува Флорентино Перез да победи на престојните избори за претседател на Реал Мадрид, а веднаш потоа да го назначи Мурињо за нов тренер.

Доколку работите се одвиваат така, Мурињо има шест барања за засилувања. Не се споменуваат конкретни имиња, но познати се позициите на кои Португалецот сака да се засили.

Тоа е целата дефанзивна линија, лев, десен бек и два централни стопери. Сака и дефанзивен играч за врска, како и креативен фудбалер од средниот ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×