Мурињо сака нов голман во Фенербахче: И тоа еден од најдобрите во светот!

by Стефан
1 минути читање

Жозе Мурињо на клупата на Фенербахче има големи амбиции и според последните најави од Турција сака да го засили тимот со еден од најдобрите голмани во светот, Алисон Бекер.

Алисон и понатаму брани на највисоко ниво, а посебно блескаше во натпреварот против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите за кој и призна дека неговиот најдобар во кариерата.

Но, Ливерпул минатото лето го обезбеди Мамардашвили од Валенсија кого го остави на позајмица во шпанскиот клуб една сезона, па тешко е да се верува дека двајцата голмани би прифатиле да бидат во ист клуб.

Поради тоа Мурињо тука ја гледа својата шанса и верува дека неговиот клуб можел да ја искористи таа ситуација.

Од друга страна евентуално доаѓање на Алисон во Фенербахче веројатно ќе значи заминување на Доминик Ливаковиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани