Мурињо иронично: Икарди е ГОАТ, преголем е за да му одговорам! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди го нарече Мурињо плачко “the crying one”, па на прес-конференцијата пред мечот со Андерлехт, Португалецот беше прашан и што мисли за тоа.

Мурињо му одговори во негов стил, со многу иронија.

„Сигурен сум дека сум посебен, не посебниот. Со 25 години кариера и освоени 26 трофеи и не со еден натпревар, мојата кариера не ја дефинира еден меч, мојата кариера е кариера од 25 години“, вели Мурињо.

„Што се однесува до коментарите на Икради. Икради е ГОАТ (најдобар во светот) и јас одбивам да ги коментирам зборовите на ГОАТ, тој е премногу голем, не коментирам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани