Мурињо го преферира детето од школата на Реал отколку засилувањето платено 45 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Како што пишува Марка, Ендрик би можел да биде испратен на нова позајмица бидејќи Жозе Мурињо смета дека профилот на Гонзало Гарсија подобро се вклопува во неговите идеи.

 По позајмицата во Лион, Ендрик ова лето се врати во Реал Мадрид со надеж дека конечно ќе се избори за место во тимот.

Но како што пренесува Марка, Бразилецот би можел повторно да биде испратен на позајмица.

Весникот вели дека Жозе Мурињо смета дека профилот на Гонзало Гарсија подобро се вклопува во неговите идеи, па сака да го има Шпанецот како резерва за Килијан Мбапе.

„Специјалниот“ преферира класичен централен напаѓач, и сака токму Гонзало Гарсија да остане во тимот наместо да биде продаден.

При едно вакво сценарио, Ендрик ќе биде испратен на нова позајмица, но само за да продолжи да се развива, клубот нема да добие можност за перманентен трансфер.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×