102
Се поизвесно е дека Жозе Мурињо ќе биде следниот тренер на Реал Мадрид, тоа треба да се случи по претседателските избори во кралскиот клуб на кој извесно е дека Флорентино Перез ќе добие нов мандат.
Во меѓувреме секојдневно стигнуваат нови информации во врска со враќањето на Мурињо на Бернабеу.
Последната вели дека во изминатите денови, португалскиот стратег разговарал со тројца клучни фудбалери во тимот, Тибо Куртоа, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
Една од првите задачи на Мурињо во Реал Мадрид ќе биде да создаде ред и дисциплина во соблекувалната.