Реал Мадрид со победа ја отвори новата сезона во Ла Лига, но Жозе Мурињо веќе размислува за следниот предизвик, домашниот натпревар против Реал Сосиедад на „Сантијаго Бернабеу“.
На прес-конференцијата пред мечот, португалскиот стратег повторно покажа дека знае како да го привлече вниманието. Мурињо влезе во шеговит разговор со еден шпански новинар и му упати интересна порака.
„Имаш многу извори. Зборуваш добри работи, но ако почнеш да зборуваш лошо за мене, тогаш треба да внимаваш“, му порача Мурињо низ шега.
„Кралевите“ во првото коло стигнаа до победа на гостувањето кај Еспањол, славејќи со 2-1. Сега тимот ќе има можност пред домашната публика да ја запише и втората победа во новата сезона.