Жозе Мурињо се уште се нема помирено со начинот на кој го напушти Тотнем, па „специјалниот“ сега брутално го „истрола“ првиот човек на клубот, Даниел Леви.
Португалецот го презеде кормилото на „спарси“ во ноември 2019 година и неславно го напушти клубот во април 2021, доби отказ на само неколку дена пред финалето во Лига Купот против Манчестер Сити.
Четири години подоцна, Тотнем успеа да се израдува на трофејот кој го чекаше долго време, па Жозе Мурињо ја искористи оваа прилика за брутално да го „истрола“ првиот човек на клубот, Даниел Леви.
„Триумфот ќе има огромно влијание врз клубот. За навивачите, за фудбалерите и Постекоглу најважна ќе биде титулата, а за господинот Леви тоа што настапот во Лигата на шампиони ќе му донесе многу пари, тоа ќе бидат најдобрите вести за него“ – вели „специјалниот“.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur