Бове има се поважна улога во составот на Рома и покрај годините, особено добива шанса сега кога Мурињо се соочува со многу повредени фудбалери.
Португалецот го истакнува домашното воспитување на Бове, смета дека тоа е пресудно за неговиот развој како фудбалер.
„Родителите на Бове се заслужни не јас. Тој е екстремно културен, академски паметен, професионалец кој се однесува како да има 30 години. Минатата сезона го стававме по пет минути на крајот од натпреварите, оваа година добива по 30, дури беше и стартер на неколку натпревари, тој напредуваше во емоционалната контрола на натпреварите“, вели Мурињо.
„Моја работа е да им помогнам на фудбалерите да созреваат, но исто така знам дека за да бидеш толку добра личност, тој навистина мора да има прекрасно семејство зад него“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.