Мурињо во Рома сака да донесе играч на Реал Мадрид кој не игра под водство на Анчелоти

by
1 минути читање

Одриозола е пикиран како замена за Рик Карсдорп кој ќе замине од Рома оваа зима откако ги расипа односите со Жозе Мурињо.

Одриозола минатата сезона ја помина на позајмица во Фиорентина за која имаше 27 настапи, постигна еден гол и имаше една асистенција. 

За Реал Мадрид оваа сезона не одигра ниту една минута под водство на Карло Анчелоти. 26-годишниот фудбалер сака да си замине од Бернабеу.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Мурињо е голем фан на Одриозола и има добар однос со неговиот агент.

Рома преговара со Реал Мадрид за позајмица со опција за откуп од 10 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани