Мурињо: Во Интер не треба да се лути поради Лукаку, треба да се среќни за мене што добив напаѓач

by
2 минути читање

Лукаку летово имаше голема трансфер сага, а на крајот од преодниот рок заврши на позајмица во Рома.

Тој требаше да потпише перманентен договор со Интер, но тие се откажаа откако дознаа дека тој зад грб им преговарал со Јувентус. Подоцна и Старата Дама крена раце од него, а тоа го искористи Рома и го донесе во своите редови.

Лукаку синоќа првпат стартуваше и даде гол за Рома. А Мурињо во свој стил го прокоментира трансферот.

„Ромелу треба да биде среќен, треба да се чувствува сакан. Дојде тука и веднаш сфати дека на овој тим му е потребен фудбалер како него. Тој е момче што сака да победува“, вели Мурињо.

„Не мислам дека во Интер имаат било каква причина да бидат лути, тие го добија дербито со 5-1 и имаат толку многу исклучителни напаѓачи. Па треба да бидат среќни за нивниот поранешен тренер дека го има Лукаку, на мене навистина ми требаше напаѓач“.

„Голот кој го даде Лукаку не е важен за мене. Можеби е важен за него, знам дека напаѓачите живеат за голови. Откако дојде тој комплетно се стави во функција на тимот и не е важно дали дал гол или не. Очигледно поради голот кој го даде беше посреќен кога излезе од теренот, тоа е перфектно за него, особено што постигна гол пред навивачката трибина“.

„Ромелу дава поинаков профил на тимот, но се уште треба да учиме како да играме за него, бидејќи уште не сме го совладале тоа, ниту тој знае како да игра за нас. Потребно е време за работа и натпреварите ќе ни помогнат да го постигнеме тоа“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани