Рома имаше многу шанси, можеше да се врати со убедлива победа, но триумфираше само со 1-0. Сепак го контролираше натпреварот, па Салернитана не успеваше да создаде ниту шанса.
Заниоло промаши три зицери при 0-0, а малку фалеше Дибала да дебитира со гол, ја погоди стативата.
„Ми се допадна се што видов вечерва. Јасно е дека преферирав да гледам смирено доколку резултатот беше 3-0, 4-0 или 5-0, но уживав гледајќи го тимот кој иако ги промаши сите тие шанси, се уште игра зрело и го има мечот под контрола до последниот свиреж“, вели Мурињо.
„Вообичаено на вакви мечеви или страдате до крај или губите, но вечерва тоа не беше случај“.
„Фудбалерите кои влегоа во второто полувреме не влегоа за да дадеме уште некој гол, туку за да го контролираат мечот. Матиќ и Вајналдум ни помогнаа да го задржиме резултатот со самодоверба“.
„Среќен сум со резултатот. Веројатно утре некој ќе напише дека Заниоло и Дибала требале да дадат по 2-3 гола, но нема да каже дека тие одиграа исклучителен меч“.