„Црвените“ имаат неверојатна сезона и во голем стил стигнаа до титулата во Премиерлигата која ја чекаа 30 години. На седум кола до крајот, Ливерпул стана шампион на Англија со соборени голем број на рекорди.
Медиумите од „островото“ сега се потсетија на зборовите на Жозе Мурињо од ноември месец минатата година. Португалецот тогаш беше без ангажман и како стручен коментатор беше во студиото на Скај Спортс заедно со Винсент Компани за дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
Избраниците на Јирген Клоп тогаш имаа шест бода предност на врвот на табелата, но Винсент Компани сметаше дека тоа не е ништо и дека Ливерпул во минатото често бил прв на табела но на крајот друг бил шампион.
„Доколку погледнете во последните десетина години, во неколку наврати Ливерпул беше прв на табелата и во неколку наврати Манчестер Сити заостануваше…“ – рече поранешниот капитен на „граѓаните“ и потоа беше прекинат од Жозе Мурињо.
„Специјалниот“ продолжи: „Сити беше најдобриот тим кој јас ви ја дадов титулата, за која никогаш не ми се заблагодаривте. Кога ви ја дадов титулата со победата тука (на Енфилд) и ти не ми се јави да ми кажеш благодарам, вие бевте најдобриот тим“.
„Тие не беа најдобриот тим, беа таму, беа речисти таму, но вие бевте најдобриот тим. Но во овој момент мислам дека нема таква разлика во моќ“.
„Дури и во поглед на реноме, без разлика дали реномето игра или не игра улога. Вие сте шампиони на Англија, но тие се шампиони на Европа“.
„Знаат како да победуваат, знаат како да се справат со притисокот, и денешниот натпревар е многу, многу важен. Доколку разликата е три бода или шест бода, трката за титулата е отворена, но доколку разилата стане девет бода, Сити може да се збогува“.
Анализата на Жозе Мурињо се покажа како точна, Ливерпул победи, се одлепи на +9 и во продолжението од сезоната само ја зголемуваше предноста.