Мурињо успеа да најде позитивни работи во играта на Тотнем против Брајтон

by
1 минути читање

Брајтон синоќа го надигра Тотнем и поблиску беше до триумф со повисок резултат отколку тимот на Мурињо што беше до избегнување на пораз. Но Португалецот најде позитивни работи во играта на неговите фудбалери.

„Не почнавме добро. Тие можеа да постигнат гол веднаш кога ја погодија стативата. Во првиот дел чувствував дека тимот беше премногу тажен по примениот гол од таа ситуација. Ни недостасуваше енергија“, вели Мурињо.

„Во последните 25-30 минути дадовме се од себе, но се разбира со некои ограничувања. Не можевме да постигнеме гол, но во исто време им дадовме шанси да напаѓаат од контра напади“.

„Момците покажаа одличен дух во второто полувреме, покажаа дека страдаат, дека се обидуваат да се борат против таа тага“.

„Се обидоа, не можам ништо негативно да кажам. Го напуштив мечот со добро чувство за моите фудбалери бидејќи се бореа напорно во вториот дел“.

„Се обидовме со се, но тие се бранеа добро, внесоа уште еден централен дефанзивец и беше невозможно да се постигне гол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×