Мурињо: Тажен сум за Лампард, тој ми е повеќе од само колега, но тоа е бруталноста на модерниот фудбал

by
1 минути читање

Мурињо двапати добиваше отказ од Челси, па многу добро ја знае суровоста на Роман Абрамовиќ. Па по мечот со Викомб беше запрашан што мисли за отказот на Лампард.

„Секогаш сум тажен кога некој колега ќе ја загуби работата, но се разбира дека Френк не ми е само колега, тој е важен човек во мојата кариера, па се секако дека сум тажен. Но како што еден колега рече, тоа е бруталноста на фудбалот, особено бруталноста на модерниот фудбал, кога ќе станете тренер тоа е нешто што мора да го знаете дека порано или подоцна ќе ви се случи и вас“, вели Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×