Мурињо со зајадливи коментари: Лукаку во Рома е драма, а Чалханоглу во Интер е одлична зделка!

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку
изминатово лето требаше да се врати во Интер, „нероаѕурите“ беа подготвени на
Челси да му платат 40 милиони евра за неговите услуги.

И кога се очекуваше
официјална потврда, се случи драматичен пресврт. Ромелу Лукаку тајно преговарал
за трансфер во лутиот ривал Јувентус, потоа се криел од раководството на Интер,
а не одговарал ниту на повиците на соиграчите, вклучително и најблиските
другари од соблекувалната и зделката на крајот пропадна.

По ваквиот развој
на настаните, Ромелу Лукаку е предавник во очите на навивачите, па тифозите набавија
50.000 свирчиња специјално за неговото доаѓање овој викенд.

На синоќешната средба со новинарите, Жозе Мурињо
беше запрашан дали размислува да не го игра Ромелу Лукаку и да го поштеди од
жешкиот пречек на „Меаца“.

„Лукаку ќе игра. Имаме
тежок, важен натпревар и тој е клучен играч за нас, особено без Дибала и
Пелегрини. Лукаку мора да игра“
– вели тренерот на Рома, кој потоа упати серија
зајадливи коментари.

„Не знаев дека
Лукаку е толку важен играч во Интер. Да, го освои Скудетото, Купот,
Суперкупот… но ова го имаат направено и 200 други играчи!“

„Исто така, не ми
е јасно како Лукаку во Рома е драма, а Чалханоглу во Интер е одлична зделка?“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×