Денеска УЕФА ги
влече паровите за четвртфинале во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциска
Лига, а Жозе Мурињо уште еднаш отворено говореше што мисли за правилата со кои
тимовите кои се елиминирани во групната фаза добиваат уште една шанса и се
префрлуваат во пониско натпреварување.
„Не ме интересира
ждрепката. Има тимови кои не треба да бида тука (Јувентс, Севиља и Баер Леверкузен).
Кога некој тим е елиминиран од одредено натпреварување, треба да си оди дома.
Според мене, доколку тим од Лигата на шампиони триумфира во Лига
Европа се губи смислатa на натпреварувањето. Лига Европа е натпреварување за тимови како нас, кои се тука од првиот
ден“ – вели тренерот на Рома, кој не ја пропушти оваа прилика да го „пецне“ и
лутиот градски ривал Лацио, против кого играат во недела.
„Лацио е
елиминиран, сега нема да се префрлат во трето натпреварување, така?“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.