Рома имаше поднесено жалба за одлуката за суспензија на Мурињо. Тоа го одложи извршувањето на суспензијата и тој беше на клупата на дербито со Јуве.
Во меѓувреме беше потврдено дека четвртиот судија го навредувал Мурињо. Португалецот велеше дека токму тие навреди кон него ја предизвикале неговата жестока реакција по која го доби црвениот картон.
Мурињо очекуваше суспензијата да му биде укината или барем преполовена, но тоа не се случи. Потврдено е дека на следните два меча од Серија А, тој нема да го води тимот од клупата. Тоа се дуелите со Сасуоло и Лацио.
Португалецот на инстаграм објави фотографија на која им се заблагодари на дел од спонзорите. Тој за овој пост ќе тврди дека ова е само слика со која ги рекламира компаниите, но многумина сметаат дека не е баш така.
Кога беше тренер на Интер имаше една гестикулација „лисици на рацете“ со која исто така се бунтуваше за неправда. Сега го прави истиот гест, и многумина сметаат дека ова е токму тоа. „Лисици“ кои треба да го отсликаат неговото мислење за казната која ја доби.
