За разлика од Серија А, Рома одлично стартуваше во Лига Европа каде има две победи по првите две кола откако ги совлада Шериф и Сервет.
Но, Мурињо вели тоа е така затоа што квалитетот на овие два противници е слаб. Португалецот беше запрашан дали има разлика во Рома во Европа и Рома во Серија А?
„Има разлика во противниците. Тимовите во Серија А се далеку потешки, со цела почит за Шериф и Сервет. Ние имаме шест бода, но тоа беше очекувано, дури и сите промени во составот кои ги правиме за овие натпревари, ние сме посилен тим. Сите тимови од Серија А се посилни од овие два тима“, вели Мурињо.
„Славија Прага е различна ситуација, тие се многу добар тим кој лесно можеше да биде во Лигата на шампионите. Кога ќе се соочите со Сервет и Шериф, обврска ви е да освоите 12 бода од четири натпревари“.
Славија Прага вечерва со 6-0 го совлада Шериф, па чешкиот тим ќе биде најтешкиот ривал во групата на Рома.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.