161
Шефилд јунајтед во минатите сезони беше солидна екипа, но во оваа дури во минатото коло ја забележа првата победа.
„Ги гледам нив, го гледам Крис Валјдер и начинот на кој играат, тоа е истиот тренер, истите фудбалери со исклучок на еден или двајца, и истиот систем нормално“, вели Мурињо.
„Би рекол дека поголемиот дел од мечевите разликата беше во еден гол. Исто како нас што ни се случи повеќе пати“.
„Еден гол ја прави разликата меѓу еден бод и три бода. Во нивниот случај тој еден гол ја правеше разликата меѓу нула бодови и еден, затоа имаат толку многу порази“.
„Но ги гледам нив како закана, тие можат да бидат многу тежок противник“.