Мурињо се жали: Артета паркираше двокатен автобус против Сити… во мое време ова не беше магична стратегија!

by
1 минути читање

Арсенал на крајот
од март гостуваше кај Манчестер Сити, натпревар кој ги разочара фудбалските
љубители. Средбата заврши 0-0, беа упатени само три удари во рамките на голот,
а за ова голема вина сноси Микел Артета.

Тренерот на
„топчиите“ се реши за дефанзивен пристап, неговите избраници одлично ги спроведоа
замислите на теренот, покажаа дисциплина и истрајност, го неутрализираа противникот
и се задржаа во трката за титулата.

„Среќен сум за
Артета, ми се допаѓа момчето“
– вели Жозе Мурињо, кој го познава Шпанецот уште
од 1996 кога работеше како помошник во Барселона.

„Навистина сум
среќен за начинот на кој му се одвива кариерата. Но начинот на кој Арсенал одигра
за да освои бод, и начинот на кој медоимите зборуваа за магична стратегија…“

„Во мое време,
никој не зборуваше за магична стратегија, и јас имам неколку пати победено на
гости кај Манчестер Сити. Никој не ми зборувал колку била прекрасна
стратегијата… сите велеа колку сум играл дефанзивно“.

„Ако јас го паркирав
автобуст, Артета сега паркираше двокатен автобус“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×